Одржана средба со урбаните заедници „Кошишта“ , „Железничка“ и „Радојца Новичиќ“

Средбите на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните продолжуваат. Денес, градоначалникот заедно со директорите на јавните претпријатија и претставници од Локалната самоуправа остварија средба со жителите на три урбани заедници.

Градоначалникот пред жителите од овие населени места ги презентираше проектите кои се реализирани во овие урбани заедници, а средбата ја искористи за директно од жителите да се информира за проблемите чие решавање е приеритетно.

uz_zeleznicka_rn_4851

На средбата се дискутираше за одредени урбанистички решенија, беа дадени идеи за инфраструктурни решенија но и идеи од комуналната сфера.

Ваквата комуникација на градоначалникот со жителите од урбаните и месните заедници ќе продолжи и во наредниот период.

uz_zeleznicka_rn_4853