Државниот секретар во Министрерството за култура г. Бехиџудин Шехаби учествуваше на дводневната конференција насловена „Потенцијалот на државното финансирање за одржливоста на граѓанските организации која вчера и денеска се одржа во Маврово.
На конференцијата на која освен државниот секретар Шехаби учествуваа и есперти од експерти од Хрватска, Словенија, Косово и од Шкотска се дискутираше за практиките и искуствата во поддршката на државното финансирање на граѓанските организации.
Во своето обраќање пред присутните Шехаби истакна дека предизвиците на новото време, глобализацијата и новите технологии, како и начинот на животот денес, овозможуваат иницијативите на независниот културен сектор да се ефикасни афирматори на современата култура во државата.
„Министерството за култура во рамките на својата програма особено внимание посветува и на поддршката и соработката со граѓанските организации од областа на културата што е нотирано и во Стратегијата за тазвој на културата за периодот 2013-2017“, истакна Шехаби.
Тој додаде и дека независната културна и творечка сцена ја прават порелјефна културната мапа на Република Македонија и дека од тие причини Министерството за култура и во иднина, ќе продолжи со поддршка на проекти кои ги реализира невладиниот сектор со што ќе се внесе поголема иновативност и разновидност во културните случувања.