На 8ми ноември, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија на Царинската управа и предаде донација – опрема за патролни чамци, во вредност од 15 илјади долари.
Донацијата следи по препорака на експертите обучувачи од Американската крајбрежна стража, кои во мај 2016 година во Охрид одржаа напредна обука за управување со патролни чамци наменета за царински службеници и гранични полицајци што работат на патролни активности.
Со сегашната донација, патролните чамци кои се опремени со софистицирана опрема, радар, електронска навигација – GPS уреди, мапа-плотер и слично, се надградени и зајакнати, што со сигурност ќе придонесе за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет и ефикаснo работење во спречување и откривање на недозволената трговија со стока, така и за унапредување на истражните и разузнавачките делувања и поуспешно спроведување на законите.
Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS, Aмбасадата на САД на Царинската управа ѝ има обезбедено оперативна опрема вредна околу 2 милиони долари, како и обуки што претставуваат поддршка за севкупното царинско работење, подршка која значи многу во исполнувањето на обврските и залагањата за заштита на општеството и олесување на меѓународната трговија.