Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со командантот на КФОР генерал мајор Џовани Фунго. На средбата двајцата соговорници разговараа за соработката на МВР и силите на КФОР, за безбедносната состојба во регионот и мигрантската криза.
Министерот Спасовски и генерал мајор Фунго се согласија дека МВР и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработката и дека во наредниот период таа ќе продолжи да се развива во интерес на јакнење на безбедноста во регионот.