После сите напори на ЈП „Охридски комуналец” да се разубави градот и во текот на зимската сезона, несовесноста на граѓаните продолжува. Ова утро беше забележана кражба на украсен сад (ќуп) од пред споменикот на Св. Кирил и Методиј засаден со хризантема (народски митровденско цвеќе) со бели цветови.