Делегација на МВР положи цвеќе на Спомен- костурницата во Куманово

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, денеска, на одбележувањето на 72-годишнината од ослободувањето на градот, положи цвеќе на Спомен- костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово. На 11 ноември 1944 година партизаните го ослободиле градот од фашистичките војски и на овој ден секоја година им се оддава почит на загинатите херои во антифашистичката борба.