Претседателот на СДСМ Заев на средби со дијаспората во Швајцарија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придруван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.

Целта на посетата на претседателот Заев на Швајцарија е средби со граѓаните од дијаспората од Македонија, во оваа земја.

Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, претседателот Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.

Во 20.30 часот, вечерва, претседателот Заев ќе има Трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.

Утре претседателот Заев ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има форморано своја партиска организација.

За стартот на посетата на претседателот Заев на Швајцарија и договорените средби, веќе известија медуми во Швајцарија.

zaevsvajcarija2