Проект на СВР Скопје – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”

Утре (14.11.) со почеток во 13.00часот, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе започне со активности за реализација на проектот – “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”. Активностите ќе започнат на ул. „Народен Фронт“ во непосредна близина на трговскиот центар “Беверли Хилс”.

Имено , во текот на ноември и декември во соработка со Општина Центар ќе се реализираат активности поврзани со оваа кампања, кои ќе се состојат од организирање на тематски средби со месните и урбаните заедници на подрачје на општина Центар, како и дистрибуција на пропаганден материјал (фрешери со испишана порака – “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”)

Основната цел на наведената кампања е подобрување на општата безбедност на граѓаните и имотот односно преземање на превентивни мерки и активности за подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста во насока на превенција од тешки кражби во патничките моторни возила.