Жител на Велешта нападнал полициски службеник

На 12.11.2016 година околу 18.20 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“ А.Н. (45) од с.Велешта, струшко, извршил напад врз полициски службеник од ПС ОН Струга при вршење работи на безбедноста. Имено, околу 18.20 часот полицискиот службеник, кој бил заедно со полициски приправник, затекнале непрописно паркирано ПМВ „Голф 6“ со струшки регистарски ознаки.

Кога полицискиот службеник го информирал дека бил непрописно паркиран А.Н. почнал на висок тон, со погрдни и заканувачки зборови, да му се обраќа на полицискиот службеник и физички го нападнал. Со брза интервенција на полициски службеници од ПС ОН Струга, А.Н. бил совладан и приведен во ПС Струга за понатамошна работа. При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.