Писмена изјава на членот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во врска со изборот на кандидати за пратеници од ВМРО ДПМНЕ Охрид:
„Др. Василевски ми беше одличен колега во Собранието на Република Македонија, а во др. Арнаудов имам одличен наследник. Ќе биде ова тим што ќе направи многу за Охрид и достојно ќе ги преставува сите жители на Охрид и охридско. Јас одам кон некои нови предизвици од кои ќе се обидам да помогнам на Македонија. Нека е со лесно за голема победа во Охрид и цела држава.“- стои во писмената изјава на Николоски.