На отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“ доделени сертификати за стручно усовршување

Денес на Отворениот Граѓански Универзитет (ОГУ) “Кузман Шапкарев“, беа доделени дваесет сертификати за обука, од електро и машинска струка. Сертификати ги додели претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска.

sertifikati_nevraboteni_2016_4002

„Ова е петта обука што Општина Охрид целосно финансиски ја поддржа, а Отворениот Универзитет ја спроведе. Верувам дека оваа практика е од полза за нашите граѓани, кои ќе можат стекнатите вештини практично да ги спроведат во својата работа. Убедена сум дека нашата соработка со Отворениот Универзитет ќе продолжи и понатака и дека ќе имаме уште многу успешно реализирани проекти“ – истакна во своето обраќање Коњановска.

sertifikati_nevraboteni_2016_4001

Во досегашната соработка помеѓу Општина Охрид и ОГУ “Кузман Шапкарев“ се реализирани повеќе курсеви и обуки низ кои поминале повеќе од 230 граѓани.