Честитка од Иванов до избраниот Претседател на Република Молдавија, Игор Додон

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до избраниот Претседател на Република Молдавија, г. Игор Додон, по повод неговата победа на Претседателските избори

„Почитуван господине Додон,

Ми претставува особена чест и задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Молдавија, како и да Ви изразам срдечни желби за успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат, преку заеднички ангажман, ќе дадеме личен придонес во насока на сестрано унапредување на односите меѓу нашите две земји, како на билатерален план, така и во рамките на меѓународните организации. Верувам дека мојата посета на Молдавија, која е планирана за во 2017 година, ќе биде значајна можност за збогатување на севкупната соработка.

Со такво уверување и желба за Ваше добро здравје и успешна работа, Ви ги упатувам, господине Додон, изразите на моето највисоко почитување.“- стои во честитката.