Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД оствари средбa со Петер Дуе, директор за Азија, Блискиот Исток, Европа и Латинска Америка во Одделот на Обединетите нации за мировни операции. Притоа се разговараше за идните планови за учество на припадници на АРМ во Мировните операции на светската организација. Воедно беа разменети мислња за состојбите во Сирија и Ирак, како и за мигартската и бегалската криза која ја зафати Европа.
„Еден од главните инструменти на меѓународната заедница за менаџирање на комплексни кризи кои претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност, се мировните операции на ОН. Македонија како одговорен член на оваа организација и првенствено поаѓајќи од заложбата за заштита на светскиот мир и безбедност, како и досега имајќи ги предвид досегашните учествата на припадниците на Армијата на Република Македонија во мисиите на НАТО, ЕУ и ОН, така и понатаму цврсто стои на определбата за учество во овие мировни мисии на ОН“ – потенцираше министерот Јолевски.
Дополнително тој додаде дека Министерството за одбрана ја разгледува можноста за учество и во други мисии на ОН согласно потребите и расположливите ресурси и можности.
При посета на САД министерот Јолевски оствари работна средба и со Хојт Ји, заменик помошник државен секретар. Беа размените мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за престојните избори. Министерот Јолевски го увери соговорникот дека Владата на Република Македонија има за цел изборите што ќе се одржат на 11 декемеври да бидат фер и демократски. Притоа истакна дека евроатлантските интеграции се врвен надворешно политички приоритет за Република Македонија. Соговорникот истакна дека САД имаат интерес Република Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ, и дека доколку изборите на 11 декември се фер и кредибилни, САД ќе ја поддржи Владата на Република Македонија во нејзините евроатлантски интегративни процеси, во привлекувањето на странски инвестиции и во напорите за подобрување на економијата. Воедно Министерот Јолевски упати честитки до американскиот народ за новоизбраниот Претседател, Доналд Трамп и додаде дека заемната соработка меѓу Македонија и САД, базирана на стратешкиот договор, ќе продолжи да се одвива по нагорна линија.
Министерот Јолевски вчера а и денеска ќе има средби и со високи претставници на Херитиџ фондацијата, која има значајна улога во дефинирањето на страегијата на Републиканската партија и идната администрација. Главни точки на разговорите беа потребите од забрзана евротлантска интеграција на Република Македонија, економската политика и визната либерализација. За сите три елементи министерот Јолевски доби поддршка. Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилноста во регионот и Европа, што е мошне значајно за САД. Индексот за економска слобода кој го објавува Херитиџ Фондацијата е доказ дека Македонија води солидна економска политика, која е пример за многу земји во регионот.
Вечерва во Институтот за мир на Соединетите држави во Вашингтон, ќе се одржи традиционалниот Концерт за Денот на благодарноста кој го слави пријателството меѓу граѓаните на САД и Македонија, на кој ќе настапат македонските уметници, пијанист Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Лумановски.