Средба на министерот Спасовски со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Тана Де Зулиета. На средбата двајцата соговорници разговараа за улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември.

Министерот Спасовски ја истакна решеноста да се обезбедат услови за фер и демократски избори и потенцираше дека нема да дозволи ниту еден полициски службеник да се вклучи во политички кампањи односно дека нема да дозволи злоупотреба на човечки ресурси или материјални-технички средства за престојната кампања на било која од политичките партии.