Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на на одделот за политички прашања во делегација на Европската унија, Лукаш Холуб. На средбата двајцата соговорници разговараа за улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември и за извештајот што минатата недела го објави Европската комисија.
Спасовски и Холуб се согласија дека мора да се направи се за граѓаните слободно да ја донесат одлуката на 11 декември, а МВР има голема улога во обезбедувањето на услови за фер и кредибилни избори.
Министерот Спасовски потенцираше дека ниту еден полициски службеник не смее да се вклучи во политички кампањи и не смее да се злоупотребуваат ниту човечки ресурси, ниту материјални-технички средства за престојната кампања на било која од политичките партии.