Увозот на месо и производи од се врши исклучиво од одобрени земји и објекти за увоз, задолжително се пропратени со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката, а инспекциските служби на Агенцијата на граничните премини вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а при сомнеж и при реализација на мониторинг програмите се земаат и мостри за лабораториско испитување. За ваквите пратки не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува нивната безбедност.
Од АХВ со апел до граѓаните и до операторите со храна, доколку имаат сознанија дека небезбедно месо или било кој друг производ се наоѓа на домашниот пазар истото да го пријават писмено или лично во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство info@fva.gov.mk.