Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 0.9%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 0.5%, во меѓународниот превоз за 13.4%, додека во приградскиот превоз е намален за 0.8%, а во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 10.5%.
Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 20.5%. Според видот на превозот, во градскиот превоз е забележано намалување за 19.9%, во приградскиот превоз за 26.3%, во меѓуградскиот превоз за 3.1%, додека во меѓународниот превоз е забележано зголемување за 39.0%.
Во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1.2%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 11.0%, во меѓуградскиот превоз за 9.9%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 17.0%, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 8.6%.
Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 6.1%. Според видот на превозот, во меѓународниот превоз е зголемен за 71.1%, во градскиот превоз е намален за 27.4%, во приградскиот превоз за 10.9%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0.1%.