Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21ви ноември (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Собор на Св. Архангел Михаил на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои православни верници на заедничко прославување на овој празник.