Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува секоја трета недела од ноември – за сеќавање на многу милиони жртви и повредени на патиштата во светот, заедно со нивните семејства, пријатели и многу други, кои исто така се погодени. Тоа е ден на кој им се заблагодаруваме на службите за итни случаи и сите засегнати со огромниот товар и цената на ваквите видови незгоди за семејствата, заедниците и државите, и за начините како да се намалат ваквите последици.
Смртните случаи и повреди на патиштата се ненадејни, насилни, трауматски настани. Нивното влијание е долготрајно, често остава трајни последици. Секоја година, милиони новоповредени и ужалени луѓе од секој агол на светот се додаваат на безбројните милиони кои веќе страдаат. Тагата и болката која се доживува од овој огромен број на луѓе е уште поголема затоа што многу од жртвите се млади. Многу од несреќите може и треба да се спречат и затоа е потребна акција од страна на владите и на општеството.
Затоа, ова е посебен ден за сеќавање и е наменет за да се одговори на големата потреба на жртвите во сообраќајните несреќи, за јавно признавање на нивната загуба и страдање. Исто така, овој ден стана важна алатка за владите и оние кои работат за спречување на несреќите или да одговорат на последиците. Многу различни комеморативни настани се одржуваат за секој Светски ден, или неколку дена пред или потоа.