Јолевски на Халифакс форумот: Потребна е сеопфатна стратегија за мигрантската криза

Последниот ден од Безбедносниот форум Халифакс министерот Јолевски, заедно со потпретседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кристина Берил и претседателот на ХИАС, Марк Хетфилд говореа на панелот: „Додека бегалците ги преминуваат границите, државите си ја префрлаат топката“.

Во текот на дискусијата се констатира дека бројот на бегалци и внатрешно населени лица во светот е најголем во историјата. Министерот Јолевски истакна дека е потребна сеопфатна стратегија во Европа за справување со мигрантската криза, во која ќе бидат вклучени елементи за надминувањето на изворите кои генерираат бегалци, помош на земјите од непосредно соседство на Сирија и Ирак, каде има најмногу бегалци, државите на балканската рута и Европската унија и земјите членки. Тој истакна дека Македонија докажа дека има капацитети за справување на големиот мигрантски бран и дека внимателно ја следи ситуацијата и има развиено сценарија за одговор доколку настанат промени.

Во текот на дискусијата стана збор за потребата за подобрување на меѓународната регулатива за мигрантите. Еден од најголемите предизвици е немање на соодветна меѓународна регулатива и институции кои се занимаваат со внатрешно раселените лица. Нивниот број е многу поголем од бегалците кои ја напуhalifax-2штиле Сирија и ако не се најде соодветен начин да им се помогне, голема е веројатноста и тие да станат бегалци.

На панелот беше истакнато дека е потребно да се работи и на стратегија за обнова и развој на Сирија. Добро осмислена и ефикасна стратегија е потребна за успешно враќање на бегалците во нивните домови кога мирот ќе биде постигнат.