Охрид презентиран на Саемот во Солун

Туристичкиот производ на Охридскиот регион, беше, презентиран на саемот за ребрендирање на туристичките дестинации кој што се одржа во Солун, Грција.

На саемот свое учество зедоа агенции и организации од цела Југоисточна Европа. Исто така на конференцијата беа презентирани туристичките производи на Србија, Бугарија, Македонија, Турција.

saem_solun_11_2016_4851

Целта е да се изработи една заедничка понуда или заеднички производ, како комбинација од регионални дестинации, која ќе биде атрактивна за туристите од целиот свет. Ребрендирањето на сет од туристички центри кои сами по себе имаат уникатни атракции, пак би биле привлечни и би го задоволиле сечиј вкус, а со тоа би ја зголемиле атрактивноста на понудата.

Активностите на општина Охрид за промоција и презентација на Охрид како атрактивна туристичка дестинација продолжуваат и во наредниот период со учество на уште неколку меѓународни туристички саеми.

saem_solun_11_2016_4852