Едукативни работилници за мајките „Промоција на оптимално доење и дохрана на доенчиња и мали деца“

Во рамки на своите едукативни програми од здравствено-превентивната област Црвен крст Охрид во соработка со Здравствен дом Охрид од денес започнува со реализација на едукативни работилници на тема „Промоција на оптимално доење и дохрана на доенчиња и мали деца“, наменета за мајки кои ќе имаат можност и на овој начин да се запознаат со најновите препораки за оптимално доење и дохрана на своите бебиња, правилно поставување на бебето за време на доењето, најчести лактациски пореметувања, календар на редовна имунизација, превилно повивање и антирахитична профилакса, навремена дохрана, размена на искуства и рецепти за подготвување на здрави хранливи оброци компатибилни со возраста на детето.

Првата работилница ќе се реализира денес, во 18 часот во просториите на Црвен крст Охрид, а ќе ја водат стручни лица од Здравствен дом Охрид.

Добредојдени се сите мајки кои сакаат да ги освежат постоечките или прошират своите знаења за правилна нега на своето бебе.

Работилницата е поддржана и од организацијата Canadians for Children at Health Risk (CCHR) од Канада.

doenje