На овие избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија оди со најобемна, нејдеталната програма досега која го одразува реалните потреби на граѓаните. Затоа и ја нарековме „РЕАЛНО“ бидејќи планираме се она што се содржи во програмата да биде исполнето, истакна вчера Никола Попоски , носителот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 по средбата со пензионерите во Пензионерски клуб „Мирче Ацев“.
Од оние проекти кој би сакал да ги издвојам во оваа прилика, покачувањето на пензиите кое е предвидено во следниот четиригодишен период за 10,25 % е прилично значајно. Воедно и унапредување на условите за здравствените услуги . Имаме два проекти кои би сакал да ги издвојам , а тоа реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември, како и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Ова се само дел од проектите содржани во програмата „РЕАЛНО“ која е изработена заедно со граѓаните и е насочена кон исполнување на нивните најклучни потреби, рече Попоски.