Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на митинг во скопската општина Кисела Вода. Пред присутните граѓани ги претстави темелите на Планот на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија.
Претседателот Заев посебно се обрати до оние кои на анкетите не се изјаснуваат за кого ќе гласаат. „Разбудено е Скопје, водиме со двоцифрена разлика. Повеќе од 32 проценти сеуште молчат, не се изјаснуваат. Знаете како, оваа Македонија не е само на нас. Македонија е на сите подеднакво. Ова е наша заедничка татковина, немаме друга. Сега, при очи ќе се правиме слепи, при уши глуви, при уста ќе молчиме?! Пенкалото на животот на вашите деца, пенкалото на вашиот живот е во ваши раце“, рече претседателот Заев.
Тој рече дека со самото тоа што на анкетите мнозинска е поддршката за СЈО, се бара криминалците да одговараат, констатацијата е дека Македонија тоне, сето тоа е доказ дека граѓаните во Македонија сакаат промени.
„Време е за крик, да не молчиме, да излеземе во редици и да кажеме – Ова е наша земја, за нашиот живот се работи. Ајде заедно со нас да им покажеме на сите дека ако се сака се може. Заокружете 4 и изберете живот во Македонија!“ , повика претседателот Заев.