Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги субвенционира тур-операторите кои носат странски туристи

Главната порака за Охрид, за Струга, за целото крајбрежје е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силна поддршка и субвенционирање на тур-операторите кои носат странски туристи и гости во нашите хотели, затоа што бројот на странските туристи многу се зголемува, а преку нив се помага и на домашното стопанство, истакна вчера Антонио Милошоски, носителот на пратеничката листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица.

Втората работа што сакаме да ја споменеме, посебно за Охрид е изградбата на марината, изградбата на затворениот базен и изградбата на еден конгресен, конференциски центар што му треба на градот за да ја зголеми туристичката понуда од најсовремен тип со 5 мали сали внатре и со можност да смести 1.500 луѓе, додаде Милошоски.