По жестока расправија, ја нападнал сопругата и и нанел телесни повреди

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Н.(30) од општина Центар Жупа, со живеалиште во Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 28 јуни оваа година во 14 часот и 30 минути во семејниот дом по расправија, што се случила со неговата сопруга. Во еден момент од жестоката караница, сега пријавениот Е.Н. физички ја нападнал сопругата со тупаници по целото тело по што и упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Од силината на ударите, оштетената се здобила со телесни повреди.