Мисијата на Македонија претставена на „НАТО добротворен базар 2016“ во Брисел

Мисијата на РМ при НАТО со поддржана на Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи на најдобар можен начин ја претстави и меѓународно афирмира Република Македонија на „НАТО добротворниот базар 2016“ кој се одржа неодамна во просториите на Седиштето на НАТО во Брисел.

На оваа манифестација земјите членки на НАТО и земјите партнери имаат свои штандови на кои се продаваат национални производи. Приходите од продадените производи се донираат за претходно одбрани и селектирани проекти, вообичаено за деца без родители, деца со специјални потреби или други хуманитарни проекти. На овој начин се обезбедуваат значителни финансиски средства за добротворни цели.

Штандот на Мисијата на Република Македонија при НАТО, беше посетен од голем број високи претставници на НАТО и земјите членки и партнери, меѓу кои и од новиот заменик генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, која информираше дека во текот на претходниот ден имала одлична средба со министерот Зоран Јолевски на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада. Во оваа прилика таа ги поздрави напорите што ги вложува Република Македонија во спроведувањето на неопходните реформи.

img_0212