Дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец”, во рамките на програмата за работа каде што е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, вчера и денес беа ангажирани во с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.
Се работеше и на расчистување на Градска плажа од пластичен отпад, хартија и др. коишто беа донесени од езерото или депонирани од граѓаните.
Се расчистуваше и кај црквата Св. Богородица Перивлепта.