Министерот Оливер Спасовски денеска учествуваше на Работилницата за управување со стресот при работа во Центарот за обука во Идризово, организирана од Италијанската амбасада во Скопје, а финансиски помогната од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. На Работилницата присуствуваа и амбасадорот на Италија Н.Е. Карло Ромео и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Н.Е. Нина Суомалаинен.
Во своето обраќање пред учесниците, министерот Спасовски рече дека полициската професија, следствено на надлежностите, одговорноста и спецификите на работата, претставува една од веројатно најстресните професии, особено при сложени внатрешни или надворешни состојби, со какви што впрочем во изминативе година-две се соочува и нашата држава.
„По правило “стресот“, односно неговата појава и манифестирање најчесто го одредува степенот на чувството за индивидуална одговорност – во која знаат да бидат испреплетени приватните и професионални причинители. А, од друга страна, стресот и тоа како го условува личното поведение, дејствителност, функционалност. Во општества како нашево, кога се поништени сите граници на лична егзистенцијална сигурност, но и на личната професионална сигурност и мотивираност, стресот е логичен епилог како индивидуално, но и колективно чувство кое во голема мера го одредува однесувањето на луѓето кон себе, кон блиските, кон колегите, кон работата. Згора на тоа, целосното и би рекол – брутално, а во европски рамки досега незапаметено партизирање на државните институции – процес во кој што македонската полиција како еден од клучните столбови во системското “заробување на државата“ беше најжестоко втурната, создаде дополнителен и секојдневен стрес фактор кај нашите полициски службеници: партиско-политички притисок и закана за професионалната кариера и работното место! Повеќе од неопходно е оваа ментална состојба, односно справувањето со стресот и превенцијата на можните последици кај полициските службеници да добие соодветен и важен третман во рамки на она што значи менаџмент на работење во службата. Стресот, меѓу другото, како последица има намалување на ефикасност, нефункционалност, што во полициското работење не можеме да си ги дозволиме, затоа што тие пак можат да резултираат со други уште потешки последици кои се одразуваат врз сигурноста и безбедноста на граѓаните и на општеството“– рече министерот Спасовски.
Министерот Спасовски потенцира дека навистина охрабрува и радува фактот што нашите европски партнери, во конкретниов случај пријателска Република Италија во соработка со исто така нашите проверени партнери од ОБСЕ, уште еднаш на дело ја покажаа својата решеност и посветност да и помагаат на Република Македонија, овој пат за една навидум “спорадична“, но за нас исклучително важна проблематика – управување со стресот при работа