Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, вчера, со претставници од ветеринарните друштва, од Факултетот за ветеринарна медицина и други институции, присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Ветеринарната комора на Република Македонија. Во рамки на свеченоста, истакната беше одличната соработка која Агенцијата за храна и ветеринарство ја има со Комората и со ветеринарните друштва која таа ги застапува.
Агенцијата за храна и ветеринарство е партнер и поддршка на земјоделците, фармерите и на ветеринарните друштва и со сите нив е во директна постојана комуникација. Нивната потреба и барањата за намалување на ДДВ за ветеринарно – медицинските препарати и за услугите кои ги даваат ветеринарните друштва се слушнати, прифатени и планирани за реализација веќе од идната година. Од 2017 година намалувањето на ДДВ ќе значи помали трошоци за компаниите кои се занимаваат со производство и трговија на ветеринарно – медицински препарати, за ветеринарните друштва за услугите кои ги даваат, но, пред се за сточарите, зошто тоа ќе биде основа за креирање на поевтини и поконкурентни производи.
Директорот на Агенцијата и првиот човек на Комората Томислав Николовски разговараа за интензивирање на соработката во интерес на побрз проток на информации меѓу Агенцијата и Комората, односно ветеринарните друштва која таа ги застапува и кои во најголем дел, активно се вклучени со спроведувањето на програмите за здравствена заштита и благосостојба на животните, со крајна цел, одржување на безбедноста и квалитетот на храната во Република Македонија на високо ниво.