Во тек е кампањата на Црвениот крст за Неделата на борба против гладта насочена кон собирање на прехранбени производи и финансиски средства наменети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Досега се поделени хуманитарни пакети на повеќе од 100 социјално загрозени семејства.
Утре во 12:00 часот пред седиштето на Црвен крст Охрид ќе бидат поделени хуманитарни пакети обезбедени од страна на Лајонс клуб Охрид.