Трибина во Охрид „Превенција од болести на зависност кај младите“

Во текот на месец ноември како месец на борба против болестите на зависност (никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога), Црвен крст Охрид со своите обучени едукатори од редот на младите, реализира врснички едукации на тема зависности, во основните и средни училишта во Охрид и Дебрца. Целта беше подигнување на свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во нашето опкружување.

Со истата цел, но и како можност да даде одговори на многу горливи прашања, непознаници и дилеми по однос на болестите на зависност, своите активности во овој сегмент, Црвен крст Охрид ќе ги финализира со организирање на јавна трибина со локалните чинители на тема „Превенција од болести на зависност кај младите во нашиот град“.

За актуелните случувања, податоци и опасностите од болестите на зависност во рамки на нашата заедница свои излагања ќе имаат стручни лица од институциите кои ја третираат оваа проблематика. За успешна и ефикасна превенција од болестите на зависност кај младите неопходна е вклученост на пошироката заедница: родителите, просветните работници, претставници на невладините организации, медиумите кои ги покануваме за учество на оваа јавна трибина што ќе се одржи на 25.11.2016 г. (петок) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 13 ч.

Да не бидеме само набљудувачи на проблемите со зависностите кај младите во нашето опкружување. Сите можеме да дадеме свој придонес во превенирањето на болестите на зависност. ЗА НАШИТЕ ДЕЦА СЕ РАБОТИ!

pokana-tribina-1