ЈП „Нискоградба“Охрид изведува градежна активност изградба на фекална и атмосферска канализација на крак од ул.’’ Будва’’ во должина од 175 метри. Се поставуваат цефки со дијаметар Ф300 за одведување на атмосферска канализација, и цефки со дијаметар од Ф200 mm за одведување на фекална канализација.
На потегот на кој се работи ќе се постават 13 шахти од кои 7 за фекална и 6 за атмосферска канализација како и 12 сливници за собирање на атмосферската вода.
Со завршување на овој зафат ќе се опфатат објектите кои што гравитираат на тој потег како и ќе се реши проблемот со собирање на дождовната вода во период на врнежи од дожд што до сега преставуваше проблем за жителите на ова населено место.