ВМРО-ДПМНЕ: „Плаошник“ преку предвидениот проект ќе претставува една комплетна целина

ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција кон реакцијата на ОО СДСМ во врска со одржаната пресконференција на Плаошник на кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ И5. Др.Сашо Василевски.

„Спинуваните информации и вокабуларот кој го употребува СДСМ не преставуваат ништо друго туку одраз на нивната политичка култура. Нивното визионерство очигледно е кусогледо и за она што преставува капитален објект од културната област.

Потенцираме дека Светиклиментовиот универзитет „Плаошник“ преку предвидениот проект на ВМРО ДПМНЕ ќе претставува една комплетна целина. Сите градби кои се предвидени се во согласност со конфигурација на теренот и целокупно вклопување во екстериерот на простор со употреба на традиционално градежни материјали при обликување на фасадните изгледи на објектите. Исто така, сите набројани објекти се градат врз сите законски градежни и сеизмички прописи за објекти од јавен карактер.

Она што ВМРО ДПМНЕ го ветува тоа и го реализира. Тоа ќе се случи и со комплексот на Светиклиментовиот Универзитет, а народот исто како во изминативе неколку изборни циклуси својата доверба ќе ја даде на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.“- стои во реакцијата.