Деновиве охриѓанка е актуелна на социјалните мрежи каде објави апел за пронаоѓање на својата биолошка мајка.
„Колку се би било поинаку кога законот би ни го дал тоа право. Колку само би било полесно… Колку само би имале можност да знаеме за нашето потекло, за нашиот иднетитет… Колку само одговори ќе добиеме на прашањата кои не мачат…
Но зошто да биде тајна? Зошто да немаме право на избор? Зошто тоа право да ни се скрати? Зошто???
„Родена сум 23.07.1985 година во Охрид. По самото раѓање сум посвоена во Скопје. Потребна ми е информација и во потрага сум по моите биолошки родители.
Дали имаме мајки кои родиле во овој период?
Дали некоја мајка ќе се сети или лежела во овој период во Охридската болница?
Дали имаме генерација 1985 година, дали некоја од Вас може да ги праша вашите мајки, дали некоја е родена во јули?
Жената која ме родила може да биде или од Охрид или од Ресен. Секоја информација е добродојдена.
Сакам да знам која сум, сакам да знам од кај сум. Сакам да го знам моето потекло.
Зарем треба да барам луѓе кои ќе можат да проверат за мене, зарем треба да барам некој што работи во арахив, некој што работи во болница, некој што работи во социјално… па може некој и ќе се најде што ќе одговори на мојата молба. Но јас никогаш нема да дозволам да ставам луѓе во опасност поради мојот проблем.
Јас сум 31 година мажена мајка на 10 годишен син, личност која живее нормален живот. Посвоена сум од болница кја луѓе кои не можеле да имат деца, скромни луѓе кои можеби не беа материјално богати, но полни со лубов, со топлина ни беше нашата скромна куќичка. Татко ми беше човек кој и душата да му ја побарав ќе ми ја дадеше, сега дур се сеќавам на него ми течат солзи… на работа кога му даваа сокчиња никогаш не ги пише да ги имало за мене, секогаш ги носеше и се друго што му се чинеше дека јас го сакам, фармерките избледени цели мајка ми саму му прештепување на машината за да има за мене, за да бидам јас дотерана, ако во комшии некоја другарка купила блуза, кошула и одма и даваше пари на мајка ми, оди купи и на нашево. Срце ме боли… јас за него не бев керќа, ме викаше татин син. .. Многу бев чувана и сакана од него, но го нема веќе…
Останавме јас и мајка ми.. За некоја година јас се омажив… Мајка ми жена што не гази на мравка, жена што незнае за одмор, жена која никогаш не повишала тон на никого…
Со неа разговарав на оваа тема кога бев многу мала, кога го најдов картончето, тогаш ми рече се што знаеше, јас тоа тогаш многу не го сватив за среќа нешто трагично. Одма си помислив среќа што не сум во дом..
Од време на време ќе ми поминеше некоја мисла на кого личам, имам ли сестра, мојата мајка морала да ме даде не смеело да ме чува тоа време, ако не е мажена не смеело да има бебе, тоа ми беше во глава, ја оправдував од мала, никогаш не ја обвнинив ниту се запрашав ЗОШТО??? Можеби мајка ми ми ги врежа тие зборови од мала и јас прифатив и поверував такво било времето… и никогаш не барав ниту многу бев окупирана со тоа.
Станав мајка на 21 година. Уште кога бев трудна ќе ја помислев жената која ме носела мене во стомак… се породив…и тогаш пак помислив ама веќе со жалење се прашував како се чуствувала таа тогаш кога ме родила а не ме видела, или во болница сите со болка но среќни, а таа само со болка… многу ја мислев и ја жалев. Од ден на ден се повеќе помислував како и беше на жената које е таа… морам да дозна работи кои се важни за мојот живот, инцест недај боже, историја на болести и едноставно сакам да знам од кого пореткнува.
Бев во социјално ми го кажаа Законот кој го запомнив делот само дококу се работи за болест тогаш ќе издадеме податоци.. Излегов од таму полна со болести, се ме болеше, станав хипохондрик, ме турна депресија, се карав и се борев сама со себе, сакам и морам да ја најдам жената што ме роди – а другата ми вели зар ова и го правиш на жената што те исчува… Плачам и барам…
Помогнете ми… Незнам и се помислувам…. Дали моите родители ме оставиле или пак им кажале дека сум почината… Зошто никој ништо не кажува… Зарем барам нешто страшно… Зошто да го немаме тоа право, не само ните туку и сите други деца… сите кои се посвоени…. Сите кои сакаме да ја знаеме вистината… Зошто нас никој не не праша… Зошто животот да го живееме со прашања…
Пишете во коментар, пишете во порака, секоја информација е од помош“