Основците од „Христо Узунов“ во посета на Министерството за финансии и Агенцијата за Супервизија на Осигурување

На покана на Агенцијата за Супервизија на Осигурување на Република Македонија, учениците од ОУ „Христо Узунов“ беа во посета на Министерството за Финансии на Р. Македонија и Агенцијата за Супервизија на Осигурување.

Основците присуствуваа и на свеченоста што Министерството за финансии заедно со Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денес ги врачија наградите на наградените од конкурсот за избор на најдобра ликовна и литературна творба на тема „И јас умеам да штедам“ и на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“. 

На конкурсот учествуваа деца и млади од основното и средното образование и тоа од основно образование со ликовна творба, а од средното образование со литературна творба – поезија на зададените теми. На настанот присутвуваа и Министерот за финансии Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

На конкурсот ученикот од ОУ „Христо Узунов“ Борче Исакоски доби специјална пофалница за негова ликовна творба.

Потоа учениците ја посетија и Агенцијата за Супервизија на Осигурување каде што беа примени од Директорот Климе Попоски каде што се запознаа со начинот на работата и организираноста на Агенцијата. По предавањето беше организиран и мал квиз натпревар на кој учествуваа учениците и за одговорените прашања добија пригодни подароци.

„Сакам да искажам голема благодарност до Директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурување Г-динот Климе Попоски шот на негова покана ги посетивме овие две мошне важни институции Министерствоту за Финансии и Агенцијата за Супервизија на Осигурување и и текако ги едуциравме нашите ученици во однос на штедењето и осигурувањето. Договорена беше и понатамошна соработка со нашето училиште така да во иднина би можело ви нашето училиште да се одржи настанот „Глобална Недела на Перите“ во заедничка организација на нашето училиште и агенцијата“ – истакна директорот на ОУ „Христо Узунов“ Тони Симоновски.