Хит претставата „Детектор за лаги“, во среда (30ти ноември) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 150 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.