Со пригодна свеченост на која присуствуваа голем број пријатели и деловни партнери, вчера во Охрид беше отворена новата туристичка агенција „Травео Травел“.
„Повеќегодишното работно искуство во туризмот, професионализмот и доверливите партнери овозможија агенцијата да започне самоуверено да делува на туристичкиот пазар“, – вели Оливера Ничевска – сопственик и генерален менаџер на туристичката агенција „Травео Травел“.
Агенцијата ќе има комплетна понуда со туристички аранжмани во земјата и странство, приватно и хотелско сместување, патничко осигурување, автобуски билети, рент а кар и сите други услуги од туристичката индустрија.
Од „Травео Травел“ информираат дека во тек се аранжманите за престојниот празник 8ми Декември, голем број на попусти за зима 2017 година, а исто така во продажба се и новогодишните понуди.
Агенцијата се наоѓа на ул. „Димитар Влахов“ бр. 18/4. За своите клиенти ќе биде отворена со работно време од понеделник до петок 09:00 – 16:00 и сабота 10:00 – 15:00 часот.
046 611 431
078 547 600
WebOhrid