Државната изборна комисија денеска закажа седница на која треба да го заклучи избирачкиот список и да го усвои изгледот на избирачкото ливче.
Покрај овие точки, според дневниот ред, на седницата на ДИК ќе се одлучува и за тоа како ќе гласаат лицата кои се во куќен притвор и лицата кои се членови на избирачките одбори што го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии.
Исто така, ДИК на денешната седница треба да донесе заклучок за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите.
Извор: meta.mk