Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го чистат поширокото подрачје на влезот од Охрид, кај детското игралиште на Булевар „Туристичка“. Согласно утврдената динамика и план се очекува акцијата да заврши во текот на денешниот ден.
ЈП „Охридски Комуналец“ периодов реализира низа акции за чистење на јавни површини и добра низ целата територија на општина Охрид. Веќе се исчистени регионалниот пат Охрид- Св. Наум и локалниот патен правец Орман- Лакочереј. Изминатиов период се санираа и чистеа и речните корита и охридските реки.
Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат уште вакви акции во текот на овој месец, со единствена цел, подигнување на нивото на јавна чистота и подобрување на квалитетот на урбаното живеење во Охрид.