Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници на германската невладина организација

Претставници на една од највлијателните германски невладини организии – СОГ (Sudosteeurope – Gesellschaft), Франц Лотар Алтман, Јохана Дајмел, Хансјорг Бреј и Кристијан Хагеман, денес беа примени од градоначалникот Бакрачески. Целта на нивната посета на Македонија, се престојните предвремени парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во земјава.

Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот, Гордана Коњановска ги запознаа гостите со актуелниот миг на Општина Охрид и влијанието што политичката криза го има во функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите за начинот на кој работи локалната власт и поврзаноста со централната власт во решавањето на секојдневните потреби на граѓаните. Во таа насока, Бакрачески го изрази своето уверување дека, со одржувањето на предвремените парламентарни избори, ќе започне процесот за надминување на политичката криза, што пак ќе значи нормално и ефикасно работење на сите институции во државата.

СОГ е формирана како невладина, непрофитна организација во 1952 година и е исклучително важна во носењето на политичките одлуки на германскта надворешна политика.

gno281120164852