Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,48%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,914 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,861ден/кг.