Бакрачески: Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид бележи тренд на постојан раст и развој

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид е една од поуспешните приказни во системот на јавно здравство на Р.Македонија и институција која во последната деценија бележи тренд на постојан раст и развој, како во бројот на услуги и волумен на работа, така и во бројот на нови воведени методи, постапки и процедури, рече во изјава за медиумите, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

„Сето тоа беше забележано од страна на Министерството за здравство и Владата на Р.Македонија која што во изминатиот период од 10 години постојано вложуваше во оваа здравствена установа, а тоа го прави и денес со една од поголемите инвестиции во овој Завод, а тоа е обезбедување на нови простории кои што ќе бидат сместени во рамките на сегашната специјална болница за ортопедија и трауматолоција, како посебен клинички оддел, каде што ќе бидат опремени нови оддели, пред се одделот за амбулантно-поликлиничка дејност, интензивна нега, одделот за интервентна кардиологија со електро стимулација и електро физиологија и се разбира нов болнички оддел за општа нега.“ – додаде Бакрачески.

WebOhrid