Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на компанијата Rent A Car „Escape”

Учениците од IX одд. при ОУ „Св Климент Охридски” – Охрид, вчера согласно наставната програма на наставниот предмет Иновации, заедно со предметниот наставник Галина Малезаноска, ја посетија компанијата Rent A Car „Escape”, избирајќи ја како фирма чија дејност е нова и атрактивна, а воедно и барана во градот. Компанијата „Escape” е Служба за изнајмување превозни средства и веќе 9 години успешно се занимава со таа дејност во Охрид.

123

Учениците имаа можност непосредно од сопствениците и вработените да се запознаат со почетоците и работата во текот на изминатите години. Исто така се запознаа и со идните идеи за проширување на возниот асортиман на фирмата. Преку оваа посета учениците се стекнаа со практични искуства со кои ги потврдија теоретските знаење од областа на претприемништвото и инавативноста.

122