Утре ќе се одржи акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата идинина“, што ќе се одржи утре ( 30.11.2016 година), покрај граѓаните ќе бидат вклучени основните и средните училишта од Општина Охрид. Основните училишта ќе засадауваат дрва и ќе реализираат активности во рамки на своите училишта, додека средните училишта ќе вршат пошумување на локалитетот „Мауцкер“.

Тргнувањето на автобусите за сите заинтересирани ќе биде во 09 и 11 часот од пред Општина Охрид, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски“ .