Коалицијата ВМРО за Македонија денеска имаше средба со жителите на Струга, каде ја промовираше предизборната платформа и отвори изборен штаб.
Лидерот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски пред стружани ја промовираше идејата секое село да биде општина, бидејќи како што рече, со тоа ќе се решат сите мултиетнички разлики, ќе се намали иселувањето и ќе донесе економски просперитет за граѓаните.
Носителот на петтата изборна единица, Љубе Бошкоски, ги повика стружани да гласаат за коалицијата ВМРО за Македонија и рече дека очекува нивната коалиција тука да биде најголемо изненадување.
„Овие се прошетки без големи митинзи, но ова што го гледаме на секој чекор во Струга е доказ дека ВМРО се враќа дома, вмровците се враќаат во матичната партија, вмровците веруваат во нашиот и единствен лидер на ВМРО, Љубчо Георгиевски и мислам дека победата е на прагот“ – рече Бошкоски.
Извор: meta.mk