Охриѓанката која ја бара својата биолошка мајка, тврди дека е заведена како „мртво бебе“

Триесет и едногодишната жена, која е родена во Охрид, а посвоена во Скопје, е во потрага по својата биолошка мајка. Таа бара народна помош за да дојде до вистината.

„Почитувани, јас да се надоврзам на мојата објава, приказнава го смени текот, јас сум прогласена за мртва, не постојам во посвоените, а на 23.07.1985 има починато бебе, па ги замолувам сите што знаат за таков случај да ме контактираат на мојот фесјбук профил. Не влегувам во детали зошто е тоа сторено, само барам народна помош да дојдам до жената со „мртвото бебе“ од 23 јули 1985 година. Дали може сега некоја мајка која родила во тој период да се сети која е жената на која „ѝ се загуши бебето?“, пишува до нашата редакција охриѓанката.

Охриѓанка ја бара својата биолошка мајка

WebOhrid