„Изборен компас Македонија“, алатка што покажува до која партија сте најблиску

„Изборен компас Македонија“ е бесплатна интернет-алатка што им овозможува на гласачите да ги споредат своите со позициите на партиите што ќе учествуваат на престојните парламентарни избори.

Граѓаните имаат можност да одговорат на серија искази по важни прашања за различни политики (економија, социјална политика, домашна политика, миграција, човекови права и меѓународни односи), кои се претходно одговорени и од политичките партии.

Компасот ја пресметува позиција на политичките партии, ги позиционира на политичката сцена и ги споредува политичките преференции на граѓаните со официјалните политики на партиите наведени во нивните платформи, јавни изјави и на нивните веб-страници.

Оттука гласачите добиваат слика за нивната позиционираност наспроти партиите, како и за ставовите на партиите по различни прашања и можат да донесат одлуки за која политичка опција да гласаат.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија, а поддржан е и од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија

Алатката е достапна на македонски и на албански јазик на www.izborenkompas.mk.

Извор: meta.mk