Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ – Охрид, со своите млади членови од основните училишта ќе го прослави работно Меѓународниот ден на волонтерството.
Двесте деца кои веруваат во солидарност, хуманизам, другарство, ентузијазам и акцијашки дух, ќе присуствуваат на трибината која ќе се оддржи во салата на ОУ „Христо Узунов“ на 5ти декември (понеделник) во 13:00 часот.