Во Каменско литургија за празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти декевмри (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско – Охрид, ќе се служи света света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“. Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а со истата ќе чиноначалстввуа Неговото Високо Преосвештенство Mитрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

 Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.